Лавот го нападна дресерот за време на настап во циркус: Ѕверот го зграпчи, публиката врескаше од страв, камерата го сними моментот на хоророт (ВИДЕО)

Посетител на циркус го снимил моментот кога лавот ненадејно нападнал дресер за време на настап во Кина.

Шокантна снимка покажува опасен дуел меѓу два лава и нивниот дресер во циркуски кафез во северниот кинески град Донгнинг за време на настап минатата недела.

Машкиот лав се нафрли на човекот додека лавицата стоеше покрај него. Дресерот успеал да побегне, а на видеото се гледа како тој трча на спротивната страна од кафезот со лавовите додека толпата вреска од страв.

– Прво излезе мажјакот. Лавот и лавицата стоеле заедно, а чуварот морал да интервенира со стап за да ги раздвои. Мажјакот потоа го нападнал дресерот, предизвикувајќи хаос во кафезот, а преплашените гледачи побегнале – изјави очевидец.

Настапот бил прекинат веднаш по нападот, а циркусот им ги вратил парите на публиката.

Еден ден по нападот, градоначалникот изјави дека дресерот не бил каснат од лав, туку се здобил со повреди на раката. Тој додаде дека циркусот добил одобрение за настап на тој простор.

По нападот, циркусот го демонтирал просторот за изведба и го напуштил градот.