Полицијата во Лондон започна нова истрага против Расел Бренд: Сè поголем број жени го пријавуваат (фото)

Детективите од Метрополитен полицијата официјално отворија истрага против Расел Бренд откако добија бројни наводи за сексуални престапи против него од цела Велика Британија.

По истрагата спроведена од Channel 4 Dispatches и The Sunday Times, полицијата во Лондон објави дека добила извештаи за инциденти кои, според жените кои го пријавиле актерот за насилство, се случиле во британската престолнина. Сите наводни прекршоци се случија пред неколку години.

Бренд ги негира обвинувањата.

Полицијата ќе им ја пружи сета неопходна професионална поддршка на жените кои поднеле жалби против Расел Бренд.

Истрагата ја спроведуваат детективи во Централната специјалистичка единица за криминал при Метеополитен полиција.

„Продолжуваме да ги охрабруваме сите кои веруваат дека биле жртва на сексуално насилство, без разлика колку одамна се случило тоа, да контактираат со нас. Разбираме дека ова може да изгледа како тежок чекор и ве уверуваме дека имаме на располагање тим од специјалисти за совет и поддршка“, соопшти полицијата, пишува Daily Mail.

Истрагата е во тек.

Да потсетемњ дека на почетокот на овој месец, четири жени го обвинија актерот Расел Бренд за силување, сексуална и емоционална злоупотреба. Тој ги негираше обвинувањата. Во меѓувреме неколку жени го пријавиле за сексуално насилство.