Бразил планира да го искористи своето претстојно членство во нафтениот картел ОПЕК+ за да работи на ставање крај на употребата на фосилни горива, изјави претседателот Луис Инасио Лула да Силва на Конференцијата на ОН за климатски промени КОП28, во Дубаи.
– Мислам дека е важно за нас да учествуваме во ОПЕК+, бидејќи треба да ги убедиме земјите што произведуваат нафта дека треба да се подготват за крајот на фосилните горива, рече Лула на состанокот со активисти.
– И подготовката значи искористување на парите што ги заработуваат за да инвестираат, за континентите како Африка и Латинска Америка да можат да произведуваат обновливи горива што им се потребни, особено зелен водород, додаде тој.
ОПЕК+ пред неколку дена соопшти дека Бразил ќе се приклучи на картелот, кој има повеќе од 20 членки. Бразил постојано го прошируваше производството на нафта во последните години, пренесе ДПА.