Маричиќ од Брисел: Проевропскиот фронт ќе успее да ја реализира прогресивната агенда за проширување на ЕУ
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, вечерва се обрати во Европскиот Парламент во Брисел, Белгија на семинарот организиран од пратеничката група Социјалисти и демократи, S&D на темата „Обликување на прогресивната агенда за проширување“.
Маричиќ на панелот ги рефлектираше најпрогресивните вредности на Европската Унија од каде што доаѓаат најнапредните и разумно базирани визии за иднината на оваа наша европска заедница.
Ова е движечката определба на групата на социјалистите и демократите во Европскиот Парламент од којашто во една исклучително сложена геостратешка ситуација произлегоа препораките кои што се преточија во Резолуција на Европскиот Парламент за сеопфатни реформи на Договорот за ЕУ.
„Резолуцијата за проширување е заснована на препораките од Конференцијата за иднината на Европа имајќи ги предвид и постоечкиот контекст, предизвиците и повеќекратните кризи со кои се соочуваат Унијата и светот како целина.
Во таа насока, Резолуцијата и во овој геостратешки момент ги потврдува политиките за проширувањето на ЕУ и потврдува дека проширувањето е најуспешен инструмент за затворање на отворените геостратешки прашања.
Вицепремиерот во своето обраќање истакна дека оваа политика се покажува како мотор на мирот, демократијата, владеењето на правото и благосостојбата во Европа за сите земји кои беа опфатени со претходните проширувања
„Резолуцијата истакнува дека ако ЕУ сака да биде геополитички играч, таа мора да остане отворен проект, а исто така предлага јасен рок: Пристапните преговори со земјите кандидати за следното проширување треба да завршат до крајот на 2030 година.“
Маричиќ истакна дека новиот пристап ја редефинира улогата на ЕУ како заедница на народи која презема иновации и лидерство во меѓународните односи и особено во политиката на проширување.
„Кога станува збор за Западен Балкан и за тоа колку е реална 2030 година како година за следно проширување на ЕУ со земјите од овој регион, тоа зависи само од секоја земја кандидат за членство во регионот и од Европската Унија.“
Со Планот за раст како составен инструмент на Пакетот за проширување Западен Балкан доби брза лента на патот за евроинтеграција на земјите од регионот со временска одредница во која што треба да се завршат домашните задачи.
Вицепремиерот пред парламентарната група истакна дека сега сме исправени пред момент кој претставува посебна шанса за земјите од Западен Балкан којашто треба да се искористи. Додавајќи дека лидерите на земјите од Западен Балкан е да ја прифатат одговорноста за да ја заокружат европската интеграција на својата земја како единствен пат кон просперитетна иднина.
Понатаму Вицепремиерот додаде дека за оваа Влада и неговата мисија како Вицепремиер е да се создадат услови граѓаните од регионот да се почувствуваат како е да се биде дел од Европската Унија многу порано од предвиденото, со фокус на реализација на Планот за раст и 2030 како индикативна година за приклучување.
За крај Маричиќ заклучи дека Северна Македонија се соочува со голема важна битка за усвојување на уставните измени, но не само за уставните измени, туку и борбата за победа на проевропскиот блок воден од социјалдемократите и прогресивните политички сили наспроти антиевропскиот блок кој има за цел да ја врати државата во тунелот во кој се наоѓаше државата 11 години во која општеството беше комплетно задушено.
„Во Северна Македонија следат најважните избори во последните 15 години. Ние се бориме да ја спасиме нашата држава од популизам и корупцијата, за што сум убеден дека ќе ја понесеме победата“
Убедени сме дека социјадемократите во Северна Македонија ќе се обединат со проевроспките сили во државата и ќе победиме на следните избори“
На семинарот „Обликување на прогресивната агенда за проширување“ организирана од Социјалистите и Демократите воведно обраќање имаше претседателката на S&D Ираче Гарсија Перез, по што се обратија преставници на социјал-демократските политички опции од Косово, Украина и Грузија.
Секретаријат за европски прашања