Маричиќ: Стратешкото партнерство со САД е важно за брзи реформи и напредок во преговарачкиот процес со ЕУ

Билатералните односи, евроинтегративниот процес, регионалната соработка и актуелните политички случувања во регионот беа темите на кои денеска разговараа вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и амбасадорката на САД во земјава Ангела Агелер.

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања , Маричиќ накратко ja информирал Агелер за текот на процесот на скрининг, за обработката на Упатствата и какви се неговите очекувања додека чека да ги добие извештаите од скринингот.

Во таа насока, нагласуваат од Секретаријатот, Маричиќ ги кажа следните чекори кои мора да се преземат за брз напредок во процесот, нагласувајќи дека поддршката од САД ќе биде важна за европската иднина на Северна Македонија.

„Американската политичка и развојна поддршка и помош насочена кон зајакнување на демократијата, реформите во правосудството, македонската економија и енергетскиот сектор помага и придонесува многу за што побрзо постигнување на стандардите на ЕУ“, рече Маричиќ.

Амбасадорката Агелер, како што информираат од Секретаријатот, изразила уверување дека САД и Северна Македонија имаат високо ниво на меѓусебни односи и дека и во иднина ќе продолжат да работат на зајакнување на стратешкото партнерство, со фокус на исполнување на надворешнополитичкиот приоритет на Северна Македонија и за создавање услови за ново приближување со ЕУ, до крајот на годината.

„Маричиќ на средбата што ја одржа во пресрет на официјалната посета на Вашингтон, го информираше американскиот амбасадор за активностите и плановите на Владата за исполнување на реформските приоритети, како дел од европската агенда, пред се во областите на владеењето законот и војната против корупцијата. Маричиќ истакна дека е важно за европската перспектива на Северна Македонија да продолжи континуираната поддршка од Соединетите Американски Држави во спроведувањето на сеопфатните реформи, кои досега, како што рече, „во голема мера придонеле за постигнување резултати на важни на повеќе полиња“, кои се заеднички придонес на двете земји за забрзување на процесот за членство во ЕУ.