Марија Шерифовиќ проговори за синот: Размислувам да го земам со себе, постојано ѝ се јавувам на Верица да видам како е“

Марија Шерифовиќ пред три месеци ја исполни најубавата улога во животот, стана мајка на момчето за кое сега проговори.

Како што истакна на почетокот, иако е мал синот, веќе го забележала карактерот што го има, кој и’ се допаѓа.

– Марио е одличен, тој е прекрасно момче. Одлично ни оди. Тој е мало суштество со карактер што ми се допаѓа, ако е буден осум часа, седум се смее – изјави Марија во „Викенд специјал“, па откри дали се променила:

– Ако требаше да се случи да се сменам, тогаш нека биде.

Пејачката истакнува дека го чекала моментот кога ќе го објави албумот кој симболично го носи името „Долази љубав“ и е посветен на нејзиниот син. Сега, кога се заедно некое време, таа прави многу подготовки за турнејата, но не е сигурна дали ќе го земе Марио со себе.

-Размислувам да го земам мојот син со мене, но тој е сè уште мал. Сепак, морам да кажам, бидејќи повторно снимам во „Ѕвездите на Гранд“, постојано мислам на него и ѝ се јавувам на Вера да видам како е син ми – изјави Марија.

Пејачката се осврна и на тоа што беше претседателка на стручното жири во финалето на Евровизија и како гледа на победничката Теја Дора.

– Најпрво сакам да им честитам на сите, и на финалистите и на организаторите. Морам да кажам дека кога гласам, најважно е што ќе и’ се допадне на европската публика. А тоа е дефинитивно Теја Дора, која лично не ја познавам, но мислам дека е толку оригинална и морам да кажам дека девојката пееше без ниту еден ,,фалш”, – ​​изјави Марија.