МЕЧКА ТРЧА ПО ПАТОТ! Ова не се гледа често, погледајте го ѕверот како трча, како да се трка со автомобилот (ВИДЕО)

Во овие краишта на Балканот има многу мечки , но не е многу вообичаено луѓето да ги сретнат.

Сепак, на социјалните мрежи се појави видео од Црна Гора на кое се гледа како мечка трча по патот.

Возач на возило го снимил овој ѕвер како трча по патот Ѓурѓевица Тара – Мојковац, а тоа видео се најде на Инстаграм на budim.info.

Мечката како да се трка со возилото, а на крајот се скршнува од патот и оди во шумата.