МИЛИЦА ПАВЛОВИЌ УЖИВА ОВДЕ! За станот ПЛАТИЛА 320.000 евра, ангажирала професионалец да среди се! ЛУКСУЗНИ ДЕТАЛИ ви го одземаат здивот (ФОТО)
Милица Павловиќ по неколку години живеење како кираџија купила стан од 90 метри квадратни во еден од најлуксузните делови на Белград.
Пејачката тогаш, според медиумите, за станот платила баснословни 320.000 евра.
Локацијата што тогаш ја избрала е една од најпосакуваните во Белград и денес. Станува збор за населбата Запад 65 во Нов Белград, која е одличен избор за сите кои бараат луксуз и удобност.
Во станот на Милица преовладуваат кафените и беж боите, додека само трпезариските столчиња се сини. Јасно се гледа дека во овој стан се вложени многу пари, а пејачката ангажирала професионалец кој се погрижил сите детали во станот да изгледаат естетски убаво и беспрекорно. Пејачката исто така вложи многу во својата кујна, па и кујната изгледа феноменално.
Во домот доминираат нежни заводливи тонови на беж и кафена, а тука се и сивата и белата, неизбежните кралици на минимализмот.
Да потсетиме, Милица честопати изјавуваше дека кариерата и е на прво место и дека има големи планови кога е во прашање. Таа важи за голем професионалец и не препушта ништо на случајноста кога се во прашање нејзината музика и кариера. Меѓутоа, по долго време решила да си обезбеди покрив над глава, купувајќи луксузен имот во дел од градот, кој важи за еден од најелитните.