ВИРАЛНА ЅВЕЗДА – Откриено со што се занимава “бркото со фудбалерка фризура” за кој сите тврдеа дека е маскираната Меган Маркл: “Јас крадам накит?” (ФОТО)

Теоријата на заговор, која стана исклучително вирална, започна откако камерите накратко го покажаа композиторот на крунисувањето.

Никогаш не го етикетирајте овој човек како „мајстор на маскирањето“, пишува Њујорк пост. Сер Карл Џенкинс, велшкиот композитор чија музика беше изведена на крунисувањето на кралот Чарлс III во саботата, ги отфрли гласините дека тој бил Меган Маркл маскиран на извонредниот настан.

Теоријата на заговор, која стана исклучително вирална, започна откако камерите го покажаа Џенкинс (79) со големи очила, бушава седа коса и мустаќи, за време на церемонијата во Вестминстерската опатија на 6 мај. На социјалните мрежи веднаш се појавија теории дека 41-годишната Маркл, која не присуствуваше на крунисувањето каде што беше нејзиниот сопруг принцот Хари (38), се обидува да се прикраде на големата забава. Џенкинс во вторникот објави видео на неговиот TikTok и прилично хумористично зборуваше за „заговорот“.

@karljenkinsofficial

Sir Karl Jenkins sets the record straight on his attendance at the coronation. #fyp #coronation #disguise #karljenkins

♬ Jenkins: Adiemus – Karl Jenkins

„Бев прилично изненаден што некои мислеа дека сум маскирана Меган Маркл. Некој напиша дека сум бил таму, кој и да сум, да го украдам накитот на круната”, рекол музичарот. Џенкинс потоа се пошегува дека „вака изгледа цело време“ и го посочи неговиот витешки медал, кој го носел и на крунисувањето.

“Ох, моите мустаќи беа спомнати и во Тајмс. Но, јас имам мустаќи од мојата 18 година. Тогаш тоа беше многу тренди. Значи тоа сум јас. Нема ништо злобно или изненадувачки во тоа”, заклучил Џенкинс. Секако, ниту тој демант не помогна целосно да се запрат лудите шпекулации на социјалните мрежи.