Најпознатата ескорт дама откри што бараат мажите во кревет: Ги сакаат своите жени, а од мене за време на се*с го бараат само ова (фото)

Дамата од висока класа Саманта Х открива што им треба на мажите, а жените забораваат да им го дадат.

Работејќи како ескорт дама, оваа Австралијка сфатила дека на мажите, меѓу другото, навистина им е потребна нежност, добрина – едноставно интеракција со саканата личност.

Нејзините клиенти редовно изјавуваат дека ги сакаат своите партнери, но очигледно не го добиваат од своите жени она што целосно им треба.

Последното нешто што би сакал е да го повреди партнерот и да побара развод.

Тие не сакаат да ги остават своите сопруги. Често доаѓаат, но не бараат брз секс, туку два до три часа размена на нежности, тоа им недостига.

– Многу оженети мажи велат дека тие и нивните партнерки спијат во посебни спални соби. Веројатно жените имаат причина зошто е тоа така, но не се тие кои се жалат, туку жените – изјавила Саманта Х.

– Мислам дека жените треба да престанат да се грижат за својата тежина, косата која почнала да станува седа, бидејќи на мажите тоа не им е важно.

Мажите сакаат да уживаат со тебе и ти да уживаш со нив – додаде Саманта Х.

Секако дека треба да се грижите за себе, но да изгледате совршено 24 часа на ден е невозможно.

Друга важна работа, мажот сака да ја задоволи својата жена но и таа треба да го има истото чувство, да му угодува, кога не е обострано, тоа е веќе проблем во спалната соба.

– Мажите често се жалат дека жените не ги забележуваат, децата им се приоритет.

– Кога немаат секс во својата соба, тогаш го бараат на друго место – објаснува оваа ескорт дама.

Она што го истакна Саманта Х се овие 5 работи на кои секоја жена треба да обрне внимание кога се во прашање сопрузите:

– Те сака;

– Му треба повеќе љубов отколку што мислите;

– Тој мисли дека сте му посветиле повеќе внимание на кучето отколку на него;

– Му недостига љубезност;

– Му треба секс како што вам ви треба добра шминка.

– Сите ние заслужуваме добар сексуален живот, вклучително и вие, затоа ставете го во вашиот дневник сега. Кучето може да чека – заклучува ескорт дамата, која многу добро знае зошто мажот оди на друго место и го бара тоа што го нема неговата партнерка.

Таа заработува од такви мажи.