НА ПЛАЖА НАЈДЕНИ ПОВЕЌЕ ОД СТО ТЕЛА! Прво виделе неколку, а потоа во заливот следел УЖАС – биле во пештера покрај морето

Стотици тела се пронајдени на плажа во Либија.

Спасувачкиот тим на Малта вчера пронашол стотици тела на плажата на поплавениот либиски град Дерна, соопшти Одделот за цивилна заштита на Малта. Веројатно ги имало околу 400, но тешко е да се каже прецизно, изјави за Тајмс оф Малта, Наталино Безина, шеф на спасувачкиот тим на Малта.

Телата беа однесени во морето од поплавите
Малтешките власти распоредија тим од 72 спасувачи од војската и одделот за цивилна заштита. Тим од четворица први открија група од седум тела на плажа во пештера покрај морето. Меѓу нив имало и три деца. Се верува дека телата биле однесени во морето од поројни поплави што се случија откако обилните дождови кои пристигнаа со бурата Даниел урнаа две брани и уништија четвртина од крајбрежниот град.

Безина изјави за малтешките медиуми дека мал тим спасувачи наишол на полупотопена пештера во која се наоѓаат телата. Тие ја продолжија потрагата по преживеани и жртви. Ним им се придружиле либиските колеги со гумени чамци, а потоа наишле на мал залив со стотици трупови.