На Тијана Максимовиќ попозната како Тијана Ајфон, како што пишуваат српските медиуми, синоќа и’ бил запален автомобилот. Возилото на старлетата било паркирано пред зградата, па соседите ја слушнале експлозијата.
Сите присутни беа вознемирени од овој настан и се кренаа на нозе.
– Сè се случи околу 4 часот. Беше страшно. Слушнав како се крши стаклото и наеднаш автомобилот се запали. Многу непријатно. Ја видов Тијана кога излезе надвор, но залудно, сe беше во пламен. Ја фати главата. Пожарникарите набрзо пристигнаа. Го изгаснаа огнот. На местото на настанот излезе и полицијата. Ова е навистина катастрофа, на нашите простори има многу деца и кој направил вакво нешто е апсолутно за осуда – изјави очевидец на настанот.