Недалава опожарени три автомобили на подрачјето на Куманово

– Два автомобили биле опожарени вчера, а во текот на неделава вкупно три на подрачјето на Куманово, соопштија денеска од СВР Куманово и противпожарната единица.

Вчера, како што соопшти СВР Куманово,  десетина минути по полноќ во кумановската полиција било пријавено дека на улица „Страшо Пинџур“ Куманово било опожарено патничко моторно возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Г.М.(44). Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на територијалната противпожарна единица Куманово. Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот.

Утрово, пак, од од 07:40 до 08:10 часот, противпожарна екипа гасела пожар на „голф 3“ во населба Ајдучка чешма во Куманово, информираше заменик комаднирот на ТППЕ Куманово, Борис Станковски, укажувајќи дека е причинета материјална штета на моторот.

На 10 јули (понеделник) на улицата „Бајрам Шабани“ по еден час по полноќ бил опожарен автомобил.

– Во ниту еден од пожарите нема повредени лица, причинета е само материјална штета, изјави Станковски.