„Нема да се предадам, утре одам во војна!” Излезе криминалецот кој голтнал жилети и побегна од полицијата

Полицијата сè уште не го фатила човекот кој во четвртокот им побегнал низ прозорецот во болницата во Ребра, но тој не се сокрил. Напротив, тој зборува пред медиумите и објавува фотографии на социјалните мрежи.

„Јас сум Срѓан Мартиновиќ и избегав од болницата во Ребро. Ве контактирав затоа што сакам да демантирам дека имам некаква врска со Срѓан Млаѓан“, изјави бегалецот и објасни како избегал.

Тој тврди дека минатиот вторник бил уапсен во Вараждин и дека во средата бил спроведен во полициската станица на улицата Петрова во Загреб. Неверојатно звучи и тврдењето дека успеал да проголта еден жилет пред инспекторите во Петрова, а уште два откако пристигнала екипа за итна помош.

„Ме однесоа во болницата во Ребро и при гастроскопија видоа дека во мојот стомак има три жилети. Два ги извадија ама еден ми остана во стомакот. Не знам дали ми ги има скинато цревата или не“, изјави Мартиновиќ.

Иако тврдеше дека лежи во кревет, тој во неделата објави серија фотографии на социјалните мрежи како позира покрај бело Porsche Panamera.

Тој исто така тврди дека нема намера да се предаде.

„Во среда одам во Украина, во војна, но нема да им се предадам. Ќе ме вози еден пријател“, изјави Мартиновиќ за „Јутарњи“.