ОВАА СНИМКА НЕ ОСТАВА НИКОЈ РАМНОДУШЕН! 11-годишна девојка го освои светот со нејзината реакција по добивање на многу среќна вест – не знаела дека камерата снимила сè (видео)

0

Училишна работничка од Соединетите Американски Држави (САД) ја зграпчила ученичката за рамо за да и ја каже среќната вест што ја имала, но незнаела дека училишната камера снимила се, а видеото на социјалните мрежи стана вистински хит поради реакцијата.

Тана Батерфилд (11 г.) од Јута, САД со години е во системот за посвојување на деца на САД заедно со нејзиниот брат Теџиган и сестрата Тели.

Младата девојка сè што сакала е да има свое семејство и топол дом. Заедно со нејзиниот брат и сестра, таа поминала време со Џенифер и Џеф Фишер кои привремено ги посвоиле овие деца.

Откако сфатиле дека не можат да имаат повеќе по нивните две биолошки деца, решиле да ги посвојат овие три дечиња.

Се разбира, овој пар имал намера да ги посвојат кога ќе дојде вистинското време и кога ќе ги исполнуваат сите услови. Прво, морале да надминат некои пречки, како што се честите посети на судот, каде што се „степале“ да ги посвојат сите три деца. На крајот успеале и побарале од училишната работничка Џеки Александар да и ја соопшти веста на малата Тана.

Ова било многу трогателен момент, кога Џеки му кажа на малото девојче што носи иднината за неа. Ги ставила рацете на рамениците и и кажала што се случило, а Тана од радост почнала да скока и ја прегрнала.