Од понеделник патниците ќе треба да пристигнат на скопскиот аеродром три часа пред летот

Од 9 октомври патниците мора да пристигнуваат на шалтерите на аеродромот три часа пред летот, бидејќи авиокомпанијата ќе го подобри системот за багаж, информираат од ТАВ.

„Почнувајќи од 9 октомври (понеделник) до крајот на ноември 2023 година, односно во период од два месеца, на Меѓународниот аеродром Скопје ќе се подобри системот за манипулација со багажот. Затоа, апелираме до сите кои ќе патувате низ Меѓународниот аеродром Скопје во наведениот временски период, да пристигнете на аеродромот, односно на шалтерите за проверка на патниците и багажот, три часа пред закажаното време на поаѓање на вашиот лет“, велат. компанијата..