Македонско МНР: Македонските граѓани во Израел да ги почитуваат упатствата на безбедносните органи

Во врска со тешката безбедносна ситуација во јужниот и централниот дел на Израел, Министерството за надворешни работи апелира до граѓаните на Северна Македонија, кои во моментов се наоѓаат во Израел, да ги почитуваат упатствата на израелските безбедносни органи. Подетални информации можете да најдете на следната веб-страница: https://www.oref.org.il/12481-en/Pakar.aspx.

Според информациите од Министерството за надворешни работи во Тел Авив, Израел, седум државјани на Република Северна Македонија се наоѓаат во градот Витлем, на Западниот Брег, кој не е вклучен во актуелните настани.

Од МНР посочуваат дека за повеќе информации СОС-службата на МНР е достапна на бројот 075/273-732, како и телефонските линии на Амбасадата во Израел +972-54-926- 7378