Мајсторијата на Роналдо не беше доволна за победа! Поради овој потег толку многу му платија: Кристијано ги воодушеви сите на стадионот! (видео)

Фудбалерите на Ал-Наср ремизираа 2:2 со тимот на Абха во 9.коло од шампионатот на Саудиска Арабија.

Славниот Португалец Кристијано Роналдо овојпат не беше стрелец, но го направи најдобриот потег на натпреварот и ја иницираше акцијата од која Ал-Наср поведе.

Сепак, за негова несреќа, тоа не беше доволно за победа, бидејќи домашните го ,,прокоцкаа” водството од два гола предност, а израмнувачкиот гол беше примен во судиското надополнување.