Пожар во борова шума во месноста Кишински рид, на терен упатени три ер трактори и два хеликоптери

Голем пожар попладнево избил во борова шума во месноста Кишински рид во општина Лозово.

Поради тешко пристапниот терен и опасноста од голема штета, од Центарот за управување со кризи информираат дека на терен се упатени три ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување и два хеликоптери на МВР.