Почина жената на која и’ се слоши на концертот на Калиопи Букла во салата на МТС, а пејачката е приведена во полициска станица да даде изјава за немилиот настан.
Почина жената на која и’ се слоши синојка на концертот на Калиопи Букле и брзата помош веднаш реагирала, но и покрај тоа немало како да ја спаси несреќната госпоѓа.
На местото на настанот пристигнала полиција, која ја повикала Калиопи на распит за несреќата. Тешко го прифатила ова, а како што рекоа сведоци пејачката многу плачела поради непријатната ситуација.
![](https://vocentar.com/wp-content/uploads/2023/11/792311_kaliopi-09052023-0002_iff-jpeg.webp)
Да потсетиме, како што прво напиша српски Информер, почина дамата на која и’ се слоши на концертот на Калиопи Букла.
Таа пристигнала на концертот со другарките и ќерката, наеднаш изгубила свест и колабирала, по што веднаш реагирала итната помош.
-Жената која почина на концертот дојде со својата ќерка. Седеа во одделни редови кога и’ се слоши. Реанимацијата траела 45 минути. Пред да почине, и самата Калиопи и’ пришла на девојката за да ја утеши и да види што се случува – вели изворот на Информер.