Драма во Германија! Ова е позадината на заложничката криза на аеродромот! Човекот има само едно барање до полицијата!

Драмата на аеродромот во Хамбург влезе во десеттиот час. Човекот кој синоќа направи хаос на аеродромот во Хамбург го паркираше своето Ауди веднаш под авионот кој требаше да полета. Полицијата соопшти дека според последните информации во автомобилот има најмалку две лица, од кои едното дете (4). Како што изјавија, ситуацијата во моментов е статична и сите екипи се на терен.

Полицијата цела ноќ преговарала со мажот на турски јазик. Тој бил во автомобилот со ќерката (4) и барал да патува со неа со авионот за Турција, дознава БИЛД. Позадината е очигледно спор околу старателството.

Полицијата соопшти и дека мажот сакал да разговара со нив и дека тоа го оценуваат како многу позитивно.

Како што пишува германскиот весник, непознат маж кој управувал Ауди без регистарски таблички ја пробил безбедносната бариера на северната капија и удрил во платформата.

Непосредно пред безбедносните сили да го забележат напаѓачот на аеродромот, неговата сопруга ја алармирала полицијата велејќи дека нејзиниот сопруг брза кон аеродромот со децата.

Авиосообраќајот веднаш бил прекинат, а на местото на настанот пристигнале голем број полицајци.

Мобилизирани се сите безбедносни сили,.

Аеродромот во Хамбург ги информирал своите патници дека сите планирани летови за вечерва се откажани и дека патниците треба директно да контактираат со авиокомпаниите за какви било информации.

Од полицијата потврдија дека успеале да остварат контакт со осомничениот.