Белград: Половина година од масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“

 – Учениците на белградското Основно училиште „Владислав Рибникар“, каде пред половина година ученик уби девет ученици и чуварот, пуштија бели и црвени балони во училишниот двор во знак на сеќавање на убиените.

На меморијалниот собир со кој се одбележаа шест месеци од масовното убиство, што не беше организиран официјално, туку граѓаните самоиницијативно се собраа, не присуствуваа родителите на убиените деца.

Учениците од Основното училиште „Владислав Рибникар“ и нивните родители, како и граѓани кои сакаа да им оддадат почест на жртвите, почнаа да доаѓаат пред училиштето околу осум часот и 40 минути, во времето кога на 3 мај почна пукањето.

Околу 13:30 часот, учениците, нивните родители и вработените во училиштето излегоа од училишниот двор до блискиот парк на Ташмајдан, каде што засадија дрвја во знак на сеќавање на загинатите.