Полицијата ја приведе Калиопи Букле: Надлежните реагираа откако жената почина среде концерт (фото)

Почина жената на која и’ се слоши на концертот на Калиопи Букла во салата на МТС, а пејачката е приведена во полициска станица да даде изјава за немилиот настан.

Почина жената на која и’ се слоши синојка на концертот на Калиопи Букле и брзата помош веднаш реагирала, но и покрај тоа немало како да ја спаси несреќната госпоѓа.

На местото на настанот пристигнала полиција, која ја повикала Калиопи на распит за несреќата. Тешко го прифатила ова, а како што рекоа сведоци пејачката многу плачела поради непријатната ситуација.

Да потсетиме, како што прво напиша српски Информер, почина дамата на која и’ се слоши на концертот на Калиопи Букла.

Таа пристигнала на концертот со другарките и ќерката, наеднаш изгубила свест и колабирала, по што веднаш реагирала итната помош.

-Жената  која почина на концертот дојде со својата ќерка. Седеа во одделни редови кога и’ се слоши. Реанимацијата траела 45 минути. Пред да почине, и самата Калиопи и’ пришла на девојката за да ја утеши и да види што се случува  – вели изворот на Информер.