Поради СИНАТА КОЖА го нарекле ГОЛЕМИОТ ШТРУМФ, а смесата што ја ставил на лицето му го уништил животот: Сакал да се ПОДМЛАДИ, а завршил како БЕЗДОМНИК

Фотографиите од маж чија кожа е целосно сина откако со години се самолекувал со проблемите со кожата ја интригира јавноста. Пол Карасон, кој боледувал од дерматитис, конзумирал мешавина од соединенија на сребро во обид да спречи лупење на кожата.

Еден маж од Вашингтон почнал да нанесува „сребрена смеса“ на својата кожа, предизвикувајќи му да доживее аргирија – редок медицински синдром предизвикан од труење со сребро, т.е. врзување на среброто за пигмент, без здравствени последици.

Пол, кој стана познат како „Синиот човек“ и „Големиот Штрумф“ поради неговата сина кожа, почнал да пие и исто така да нанесува колоидна смеса од сребро, која самиот ја направил, на своето лице откако прочитал статија во списание во за која пишуваше дека таквиот ‘козметички третман дома’ може позитивно да влијае на подмладување – што беа неосновани тврдења и непроверени информации.

Оваа „сребрена смеса“ која Пол ја користел како „крем“ што го нанесувал на лицето, но и како „лек“ што го пиел за подобро здравје, предизвикала неговата кожа целосно да ја промени бојата, што, како што самиот истакнал за американските медиуми, тој не забележал додека еден пријател не го шокирал со јасен и видлив проблем.

„Еден пријател кој не ме видел долго време ме праша што си направив себеси“, изјави еднаш Пол, кој е роден со светла кожа и црвена коса, за Inside Edition.

Предности и недостатоци на „сината кожа“
Тој потоа додаде дека сината кожа има одредени предности, вклучувајќи, меѓу другото, и минимална шанса да изгорите од сонце .

Пол Карасон и Џо Ана пред неговата смрт

Сепак, имаше многу повеќе маани, а Пол тешко се справуваше со изгледот на улица и дискриминацијата, имаше проблеми со пријателите, познаниците, жените. Љубовта не му била достапна во такви околности, изгледа, а не му биле ниту новите пријателства.

Тој се бореше да најде работа, раскина со вереницата и страдаше од неколку здравствени проблеми, вклучувајќи рак на простата и срцеви проблеми. Откако исто така ја изгубил својата куќа во 2012 година, Пол бил принуден да ја напушти Калифорнија и да се врати во својот роден град Белингтон, Вашингтон за да живее во засолниште за бездомници.

Починал од срцев удар

И токму кога се чинеше дека среќата му се насмевнува, дека тркалото на среќата се заврти и дека животот повторно е на негова страна, откако неговата пријателка Џо Ана Елкинс го пречека во нејзината куќа и многу брзо се согласи да се омажи за него, дозна дека неговата здравствена состојба повторно колабирала. Овој пат многу сериозно.

Во септември 2013 година, Пол Карасон почина на 62-годишна возраст во болница во Вашингтон, каде што се лекуваше од пневмонија, сето тоа откако доживеа срцев удар. Неговата вдовица им кажа на новинарите дека и тој имал мозочен удар.

Колоидно сребро е суспензија на сребро во течна основа – во случајот на Пол, дестилирана вода. Среброто има антибактериски својства и се користи за борба против инфекции стотици години, но падна во немилост кога беше развиен пеницилинот, кој е многу поефикасен. Продолжи да се користи во некои лекови без рецепт до 1999 година, кога Управата за храна и лекови го забрани бидејќи предизвикува аргирија, што е резултат на реакцијата на среброто со светлината, како што беше случајот со Пол Карасон.