Пораст на нивото на водата во Охридското Езеро за четири сантиметри, водостојот се уште далеку под просекот
Нивото на водата на Охридското Езеро изминатите денови се покачи за четири сантиметри, но се уште е далеку под просекот за овој период од годината.
Водостојот на денеска се наоѓа на котата од 693,29 метри надморска височина, што е за 20 сантиметри пониско од просекот за март.
Независно врнежливото време изминатите денови, временските прилики се се уште неповолни со мошне малку врнежи што придонесува за нискиот водостој.
Температурата на водата е 9,5 степени Целзиусови, што е над просекот од 7,8 степени.