Почнуваат претплатите за ФБ, Тикток и Инстаграм: Ќе платите ли за нив? 

0

За воведувањето претплати на социјалните мрежи се зборува со години – изгледа е поблиску од кога било.

За неколку месеци најпопуларните социјални мрежи би можеле да побараат од вас да плаќате месечна претплата за да не бидете принудени да гледате реклами додека лизгате.

За оваа опција неодамна разговараше Мета за Фејсбук и Инстаграм, а како што објави Ројтерс, доколку сте на компјутер, би чинела 10 евра месечно, плус 6 евра за дополнителна поврзана сметка. На мобилните телефони претплатата би изнесувала 13 евра месечно.

За воведување претплати не размислуваат само Facebook и Instagram, туку на сличен начин размислува и TikTok, кој изгледа веќе почна да го тестира.

Според Android Authority, некои корисници почнале да гледаат известувања за претплата, но засега само во САД. Цената на TikTok, според тие информации, ќе биде попристапна во однос на платформите на Мета – 5 долари месечно.

Да потсетиме овде, Фејсбук пред неколку години го отстрани слоганот од почетната страница на кој пишуваше: „Бесплатно е и секогаш ќе биде“ – веројатно уште тогаш почнале да размислуваат во оваа насока.

Некои социјални мрежи, како што е Твитер, веќе воведоа претплата, но таа не е за отстранување реклами туку за добивање на некои привилегии, иако Елон Маск неодамна посочи дека претплатата може да се воведе за сите, пренесува Zimo.

Доколку оваа информација е точна, претплатата за тие три мрежи би изнесувала повеќе од 20 евра месечно, дури и околу 25 евра за мобилни телефони, иако не би била задолжителна.