Пред да влезат во неговиот дом, послугата на Роналдо мора да потпишат договор кој ги обврзува да молчат 70 години по неговата смрт
Секој готвач, батлер или слугинка што работи за семејството на Роналд се обврзува да не открива детали за неговиот дом дури и 70 години по неговата смрт.
Португалската суперѕвезда Кристијано Роналдо со години е меѓу најплатените спортисти во светот, а на неговата и онака дебела банкарска сметка ќе биде додаден и профитабилниот договор со Ал Наср кој му гарантира 200 милиони евра годишно во следните три сезони.
Роналдо толку се навикна на луксуз што повеќе не може да си го замисли животот без бројна послуга. Добро ги плаќа, но кој ги сака тие пари мора прво да потпише „смртен договор“, како што го нарекуваат новинарите на Ел Мундо Депортиво.
На пример, готвачите, батлерите или собарките имаат просечна плата од околу пет илјади евра месечно, меѓутоа, пред да влезат во кругот на Роналдо, мора да се обврзат дека ништо нема да излезе од таму.
Роналдо потпишува договор со секој член на персоналот во кој тие се обврзуваат да не откриваат тајни од неговото домаќинство дури и 70 години по неговата смрт.
Откривањето на валканите алишта на членовите на семејствата на јавните личности во Велика Британија стана профитабилен бизнис за нивните слуги, а некои членови на послугите на кралското семејство ги продадоа своите мемоари за животот со британското благородништво за огромна сума.
Изгледа дека Роналдо кој со години живеел на островот ја научил лекцијата и вака сака да се заштити од можни скандали во иднина.