Пржени лепчиња на поинаков начин – за помалку впиено масло

0

Ако ви останал стар леб и не сакате да заврши во тостер, најдобро е да го искористите за пржени лепчиња. Но, многу луѓе го избегнуваат овој омилен појадок поради премногу маснотии што се апсорбираат за време на пржењето.

Ви претставуваме рецепт за ова популарно јадење кое е многу помалку масно бидејќи не се пржи туку се пече. Пржените лепчиња се брз, евтин и вкусен појадок кој вашето семејство ќе го сака. Најдоброто од сѐ е што можете да направите разни комбинации, па во смесата со сирење можете да додадете ситно сечкана шунка, печеница, сув врат или што и да посакате.

Можете да ги јадете и за вечера ако ви остане малку од појадокот. Единствениот недостаток е тоа што ќе сакате да ги правите секој ден.

Потребни состојки:

  • 8 парчиња бајат леб
  • 300 гр сирење
  • 2 јајца
  • 200 мл млеко

Подготовка:

Исечете го лебот на парчиња со средна дебелина. Во длабока чинија се матат 2 јајца и се додава сирењето кое се пасира за да се добие компактна маса. Доколку користите постаро сирење, можете да налеете малку млеко, колку да се добие еднолична смеса со која ќе ги наполните кришките. Потопете го лебот во чинија со млеко, но внимавајте да не кисне премногу, буквално само ставете го и превртете го во чинијата, а потоа натопените кришки наредете ги на плех обложен со хартија за печење. На секое парче ставете од претходно подготвената смеса од сирење и јајца. Во оваа смеса по желба можете да додадете сечкана шунка, или што и да сакате. Се става во рерна и се пече 15 до 20 минути на 200 степени Целзиусови додека кората не добие златно-жолта боја.

Кога пржените лепчиња се готови, по желба можете да ги посипете со една рака рендан кашкавал и повторно да ги ставите во загреана рерна доволно долго за да се растопи кашкавалот. Послужете со чаша јогурт или кисело млеко.