‘Пукна тиквата’ помеѓу Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез !? Фудбалерот бесен на неговата избраничка поради луксузот во кој ужива: “Таа не прави ништо, само троши…“

0

Врската помеѓу Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез не е баш во најдобро светло и се тврди дека нивниот однос доживува голема криза, а според пишувањата на странските медиуми за се е виновна девојка од Шпанија, која со своето приватно однесување го излудува славниот Португалец.

Двојката се заедно од 2016 година, имаат две деца, но нивната врска наводно влегла во криза, бидејќи Кристијано Роналдо е бесен поради ароганцијата на неговата избраничка откако пристигнале во Саудиска Арабија.

Новинарот Даниел Насименто истакнува дека Кристијано Роналдо во последно време не е среќен, што може да се забележи и на фудбалските терени.

Роналдо не е среќен. Џорџина ги поминува деновите во трговски центри и повеќе тоа не му е смешно. Таа не прави ништо друго – само троши и троши. Најлошото е што таа мисли дека живее според неговите стандарди, но на него воопшто не му се допаѓа нејзиното однесување“, тврди новинарот.