Русите бегаат од селото за да спасат глава! Неверојатна снимка од Теткин: „Оставија сè зад себе“ (ВИДЕО)

Руските власти наредија затворање на училиштата во градот Курск, главниот град на областа Курск долж границата со Украина, по нападот од украинска територија, изјави градоначалникот на Курск.

– Поради неодамнешните настани, решив учениците да учат од далечина до петок, 15 март – објави на Телеграм градоначалникот на Курск, Игор Кучак.

Руски доброволци кои се борат за Украина изјавија дека преминале во Русија во вторникот за да ги нападнат пограничните области, имено Курск, и зазеле едно село.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека армијата ги одбила нападите од Украина во текот на ноќта и утрото, уверувајќи дека спречила пенетрација на руска територија.

Денеска, Украинците испратија бран беспилотни летала на руска територија, од кои околу 15 ја нападнаа областа Курск , објави Министерството.

За потсетување, официјалните телеграмски канали на милициите против Кремљ, Легијата на слободата на Русија и рускиот волонтерски корпус, кои се борат на страната на Киев, објавија информација дека селото Теткин во областа Курск е целосно под контролата на руските ослободителни сили.

– Војската на Путин бега од селото оставајќи зад себе тешка техника, соопштено е на каналот на Руската легија на слободата со видео на кое се гледа како неколку војници бегаат.