Се огласи Владислав Дајковиќ за исчезнувањето на малата Данка

Претседателот на политичката партија Слободна Црна Гора, Владислав Дајковиќ зборуваше за исчезнувањето на девојчето Данка Илиќ (2) во Бор. Тој на својот Икс профил сподели дека се бара малото девојче.

„Споделете! Двегодишната Данка Илиќ ја нема во околината на Бор во Србија. Сите информации веднаш пријавете ги во полиција на 192. Ајде луѓе!“, напиша тој во својата објава.

За потсетување, девојчето исчезна денеска околу 13 часот и 45 минути, а носеше маслинесто сако и виолетови панталони. По повод нејзиното исчезнување, за првпат беше објавен системот „Пронајди ме“.

Потрагата по девојчето е во тек, која ќе продолжи во текот на ноќта. Се очекува пристигнување на кучиња трагачи.