Се случи чудо, жена на 70 години роди близнаци: Сопругот „збриша“ кога дозна

0

Угандаската државјанка Сафина Намукваја (70) родила близнаци, а нејзиниот доктор д-р Едвард Тамале Сали имал само едно да каже: „Тоа е извонреден успех“.

Како што пренесуваат странските медиуми, 70-годишна жена се породила со царски рез во болница специјализирана за ин витро оплодување.

Самата Сафина ги нарече своите близнаци „вистинско чудо“. Мама и децата моментално се во болница во Кампала и се во стабилна здравствена состојба, изјави докторот на Сафина.

Инаку, Сафина живее во селото Масака, а своето прво дете, девојче го родила пред три години. Таа немаше деца со нејзиниот прв сопруг, кој почина во 1992 година, и затоа беше етикетирана како „проколната“.

Вториот сопруг го запознала во 1996 година. Сепак, тој не присуствуваше на породувањето, па дури и исчезна кога дозна дека таа носи близнаци.

„Откако ме примија овде, тој не се појави“, рече таа.

Сè уште не е познато дали бременоста е постигната преку донирани јајце клетки или Сафина ги замрзнала сопствените јајце клетки додека била во репродуктивен период.