Син ја уби својата мајка: Мислел дека е крадец! Морничави детали од трагедијата, младиот човек не престанува да плаче

Џејлин Џонсон од американската сојузна држава Мисури денеска беше обвинет дека пукал и ја убил својата мајка која се обидувала да влезе на задната врата од нивниот дом во градот Оливет.

Според зборовите на неговиот адвокат Вилијам Голдстајн, Џонсон мислел дека неговата мајка е провалник, поради што пукал во неа, пренесува АП.

Голдстајн истакна дека 25-годишниот Џонсон веднаш се јавил на 911 кога сфатил дека ја застрелал мајка си.

 – Оттогаш тој е вознемирен. Не престанува да плаче – рече адвокатот.

Обвинителите го обвинија Џонсон за убиство од небрежност, а кауцијата беше одредена на 100.000 долари.