ОТКРИЕНО КОЈ БИЛ СЕРИСКИОТ УБИЕЦ ЗОДИЈАК!? Американското ФБИ наводно го идентификувало криминалецот: Признал дека УБИЛ 37 луѓе

Американското федерално биро за истраги (ФБИ) идентификуваше сериски убиец познат како Зодијак, според група истражители кои се занимаваат со таканаречените ладни случаи наречени Case Break!

Ова е Гери Френсис Пост, ветеран на воздухопловните сили на Соединетите Американски Држави, кој почина во 2018 година.

Се верува дека тој стои зад убиството на најмалку пет лица во доцните 1960-ти. Новинарот Томас Колберт тврди дека извор од ФБИ му потврдил дека Пост, кој претходно бил идентификуван како убиец, моментално е на врвот на листата на агенцијата како главен осомничен за убиства кои никогаш не се разрешиле.

Ладен случај

Колбер тврди дека лабораторијата на ФБИ успеала да изолира примерок од ДНК на Пост, што го поврзува со убиствата и дека полицијата не направила доволно за да ги истражи наводите против него додека бил жив.

– Пост се третира како осомничен за сериски убиства од 2016 година, но никогаш не бил сериозно истражен – рече новинарот.

Колбер тврди дека во пресрет на неговата смрт, Пост дистрибуирал оружје, делови од пиштоли, барут, куршуми и чаури од повеќе од 25 различни калибри, што го поврзувале со убиствата.

Потврдено е дека Зодијак убил пет лица во Северна Калифорнија во текот на 1960-тите, но се верува дека бројот на жртвите е околу 30. Самиот убиец во своите пораки до полицијата изјавил дека убил 37 луѓе. ФБИ последен пат потврди во октомври 2021 година дека случајот Зодијак е сè уште отворен.

Група истражители на Case Break тврдат дека пронашле докази кои го поврзуваат Пост со сите убиства и дека федералните органи за спроведување на законот ги игнорирале доказите. Тие разговараа со многу луѓе кои го познаваа Пост, вклучувајќи ги и неговите соседи и девојката на неговиот син.

Извор од ФБИ

– Како и полицајците, така и федералните агенти се соочуваат со голем број случаи, постојана обука и развој, чудни правила и бирократија – изјавил анонимен извор од ФБИ.

Официјално, канцеларијата на ФБИ во Сан Франциско не сакале да ги потврди наводите за идентификацијата на Зодијак, наведувајќи дека случајот е се уште отворен.

Серискиот убиец го добил прекарот Зодијак поради криптограмите и астролошките симболи кои ги испраќал во полиција. Нерешените случаи на убиства со децении се инспирација за многу книги, документарни и играни филмови.