ПОЧИНА МУЗИЧАРОТ НА КУЛТНИОТ БЕНД: Имал само 59 години, долго време се борел со страшната болест, неговите колеги ја споделија тажната вест

Басистот на култниот бенд Смитс, Енди Рурк, почина на 59-годишна возраст по битка со рак на панкреасот.

Неговиот поранешен колега од бендот Џони Мар утрово на Твитер ја објави трагичната вест.

Тој го опиша Енди, од Манчестер, како „извонредно надарен музичар“.

„Со длабока тага објавуваме дека Енди Рурк почина по долго боледување од рак на панкреасот. Оние кои го познаваа Енди ќе го паметат по неговата љубезност и убава душа, а љубителите на музиката како исклучително надарен музичар. Ве молиме за приватност во ова тажно време“, објави на Твитер.

Бендот The Smiths е основан од пејачот Морисеј, гитаристот Џони Мар, басистот Енди Рурк и тапанарот Мајк Џојс пред 40 години во Манчестер. Мар и Морисеј беа тандем кога станува збор за пишување песни. Нивниот инди, пост-панк звук ја одбележа младоста на многумина, а пред да престанат да работат во 1987 година, издадоа 4 албуми.

Рурк и Џојс често соработуваа, а по Смитс, Енди работеше со The Pretenders, Иан Барон, Питер Хук (Joy Division, New Order) и Мани го имаше бендот Freebass, а тој исто така организираше концерти во неговиот роден Манчестер кои имаа за цел да соберат пари за истражување на ракот