Гутереш: Гранатирањето на ХЕ Каховка е уште една катастрофална последица од руската инвазија

 – Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш денеска изјави дека ОН немаат никакви независни информации за тоа како била крената во воздух хидроелектраната Каховка на реката Дњепар, но рече дека тоа е „уште една катастрофална последица од руската инвазија врз Украина“.

– Нападите врз цивили и критична цивилна инфраструктура мора да престанат. Мораме да дејствуваме за да обезбедиме почитување на меѓународното хуманитарно право, рече Гутереш.

Тој изјави дека гранатирањето на хидроцентралата е „голема хуманитарна, економска и еколошка катастрофа“.

– Најмалку 16.000 луѓе веќе ги загубија своите домови, рече Гутереш, додавајќи дека Обединетите нации работат во координација со украинската Влада за да испратат поддршка што вклучува вода за пиење и таблети за прочистување на водата.

Киев и Москва побараа од Советот за безбедност на ОН итно да се состане за да разговараат за гранатирањето на браната на Дњепар.