На Инстаграм се појави профил со 100.000 следбеници, но засега никој не знае кому му припаѓа

Профилот на Инстаграм, создаден во јуни 2022 година, следен од над 100.000 луѓе, деновиве е главна тема на британските медиуми.

Имено, се шпекулира дека профилот „меган“ е во сопственост на Меган Маркл и дека таа наскоро ќе биде активна на Инстаграм. Профилот не следи никого, нејзиното име е едноставно „меган“, а нејзината профилна слика има фотографија од цвеќиња.

Се погласни се гласините дека Меган Маркл се враќа на Инстаграм и дека би можела да стане новата ѕвезда на оваа социјална мрежа.

Британските медиуми пишуваат дека Меган Маркл би можела да заработи милион долари од една објава на Инстаграм и дека се подготвува за одлична кариера како инфлуенсер.

Меган Маркл имаше профил на Инстаграм пред да се омажи за принцот Хари, но го затвори откако таа и Хари се верија. Истата судбина ја имаше и нејзиниот блог „The Tig“, за кој исто така многу се шпекулира дека ќе биде повторно лансиран.