ОВА СЕ УШТЕ НЕ СТЕ ГО ВИДЕЛЕ – ИМААТ САМО ДУПКИ ЗА ОЧИТЕ И НОСОТ! Се појавија бикини за лице кога надвор ГОРИ- „Продажбата никогаш не била подобра“

Дали би носеле бикини за лице на пеколни горештини?

Кога гори Пекинг, Кинезите имаат решение. Пеколни временски услови го погодија Пекинг и делови од Кина, а жителите на најнаселената земја во светот бараа различни средства за да се справат со жештините. Еден од нив е необично парче ткаенина – бикини за лице.

Со оглед на тоа што температурата на воздухот надминува 35 степени и тлото над 80 степени во некои делови од земјата, жителите и туристите прават се за да се заштитат од сонцето и барем малку да се изладат. Посебни ракави кои може да се влечат и вадат по потреба, капи со широк обод со вентилатори, лесни јакни од материјал отпорен на УВ, станаа многу популарни во Кина.
Сепак, најчудниот додаток е бикинито на лицето кое има само дупки за очите и носот. „Во споредба со пандемијата, пред две до три години, овогодинешната продажба е многу подобра“, вели еден од продавачите. Многу жени во Источна Азија имаат културна предност за бела и светла кожа, поради што сите производи за заштита од сонце се многу популарни.

„Мојата главна грижа е да не се развијат никакви заболувања на кожата или дамки од сонце“, рече Ли Сујан, 17-годишен студент кој дошол во посета на Пекинг со својата мајка, и двајцата облечени во бикини на лицето. Кинеската државна телевизија снимила туристи како прават селфи покрај 12 метри висок термометар во регионот Ксинџијанг кој покажувал температура на земјата од 80 степени.