Двајца фудбалери на Ливерпул пред трансфер во Саудиска Арабија

Премиерлигашот Ливерпул ги разгледува понудите кои на неговата адреса пристигнаа од саудискиот прволигаш Ал Итифак за услугите на Џордан Хендерсон и Фабињо, јавија денеска англи е ските медиуми.

Според истите извори, саудискиот клуб понудил 40 милиони фунти за услугите на англискиот репрезентативец Хендерсон, додека, засега, нема детали колку би чинел евентуалниот трансфер на Бразилецот Фабињо.

Хендерсон и Фабињо во моментов се надвор од тимот на Ливерпул и не отпатуваа со екипата на стартот на подготовките за новата сезона во Германија.

Ал Итифак ова лето веќе направи сензационален трансфер засилувајќи ги своите редови со Французинот Карим Бензема од Реал Мадрид.