Георгина и Роналдо заедно на јахта и покрај гласините: „Еве колку би и платил доколку се разведат…“

Вака го правиме тоа, им порачува Георгина Родригез (29) на сите кои мислат дека таа и Кристијано Роналдо (38) се разведуваат, бидејќи на Инстаграм објавува фотографии од нивниот заеднички летен одмор, каде на друго место освен на нивната ултра отмена јахта.

Сонце, море, најскудно можно бикини, луксузни ресторани…Георгина и Роналдо патуваат по италијанскиот и португалскиот брег пред неговата нова сезона во Саудиска Арабија и добро се забавуваат. Што е најважно изгледаат среќни.

Џорџина изгледа неверојатно на фотографиите, но мускулестиот Роналдо не заостанува, а фановите се забавуваат забележувајќи детали како накит, чанти, модни брендови кои Џорџина, која сака да се нарекува себеси инфлуенсер, ги рекламира попатно.

Тој, пак, повеќе е заинтересиран за здравата исхрана, со која е опседнат, па повеќе сака да позира со суши отколку со Гучи, а позната е изјавата на Џорџина дека може да јаде слатки само кога тој не е дома.

Со двојката на јахтата се и децата на Роналдо, Кристијано Јуниор (12) и петгодишните близнаци Ева и Матео, како и децата кои ги има пред да ја запознае својата сегашна придружничка. Тој има две деца со Џорџина, од кои Бела се роди пред само 15 месеци.

Според пишувањата на шпанските медиуми, Џорџина не е премногу загрижена поради гласините за развод – има предбрачен договор од челик, велат тие – и е осигурана до крајот на животот.

Се пишува дека доколку нивниот семеен дом во Марид би бил регистриран на нејзино име, таа би добивала околу 100.000 евра месечно до крајот на својот живот.