Снимка од коњ како шета по снег ги збуни луѓето на мрежите: Животното оди напред или назад?

Една корисничка на TikTok сподели видео од нејзиниот коњ како шета по снегот, збунувајќи ги нејзините следбеници.

Имено, на видеото се гледа како црн коњ оди по снежна идила, но не е јасно дали оди кон сопственикот или се оддалечува. Всушност, се сведува на контрастот на црно и бело во видеото.

„Кога вашиот коњ е толку црн наспроти снегот, не можете да препознаете дали оди напред или назад“, се вели во насловот на TikTok.

@rudniktheroan

There were a couple of times I genuinely didn’t know…

♬ Eurythmics-Sweet Dreams – AJIMUSTANG

Видеото е прегледано повеќе од 15 милиони пати, а има повеќе од два милиони лајкови и повеќе од 10.000 коментари во кои корисниците на социјалните мрежи разговараат за решението.

„Прво мислев дека оди кон тебе, а потоа ми полуде мозокот“, „Не разбирам НИШТО“, „О, боже, буквално можам да ги видам двете ситуации“, „Буквално одеше напред-назад морничаво e“, „Ова е како оптичка илузија во реалниот живот“, „Можете ли да ми го кажете решението за да се ослободам од оваа вознемиреност“, „Ми требаше една минута“, „На почетокот на видеото , коњот заминува и подоцна оди кон сопственикот“, беа само дел од многуте коментари под објавата.

Сопственикот на коњот, кој е автор на ова видео, на крајот напишал дека коњот цело време се оддалечувал од неа.

Патем, оптичките илузии и сличните задачи кои бараат добра моќ на набљудување се сè попопуларни на социјалните мрежи.