Пресудата на Трамп пристигна, мора да плати огромна отштета

Пресудата е изречена против поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп и веројатниот републикански кандидат на овогодинешните претседателски избори, во случајот со тужбата што ја поднесе колумнистката Џин Керол.

Судот му нареди на Трамп да плати 18,3 милиони долари како реституција на колумнистот и уште 65 милиони долари за казнена отштета. Станува збор за сума што претставува казна, покрај сумата што Трамп мора да ја плати на Жан Керол. 

Вкупната сума што треба да ја плати Трамп изнесува 83,3 милиони долари. 

Додека се читаше одлуката на поротата, Џин Керол, која седеше во првиот ред, цело време ги држеше рацете на својот адвокат. Нејзините двајца водечки адвокати и таа се прегрнаа по читањето на пресудата. 

Трамп не се појави на изрекувањето на пресудата.

Инаку, судијата пред да ја прочита пресудата предупреди дека нема да толерира испади.

Трамп претходно доби опомена од судијата за прекин на рочиштето во ова петдневно судење. Поранешниот претседател утрово беше на суд поради завршните зборови.