Партизан е жестоко ПОНИЖЕН пред дербито со Црвена Звезда!

Следната сабота на белградската Маракана се игра 172. вечно фудбалско дерби, а Црвена звезда ја игра улогата на апсолутен фаворит .

Букмејкерите ги објавија првите коефициенти и тие се целосно изненадувачки. Коефициентот за победа на Звезда во дербито е само 1,70, додека за триумфот на Партизан „плаќа“ дури 5,70! За реми коефициентот е 3,60.

Не можете да се сетите на некоја екипа да била толку „фаворизирана“ од обложувалниците, особено кога се знае дека Партизан моментално е лидер во Суперлигата на Србија.

Дали проценките на букмејкерите биле точни ќе се знае в сабота по 19 часот кога завршува натпреварот на стадионот на Црвена звезда.