Солта не е единствениот проблем! Овие намирници се непријател број 1 на вашите бубрези – тие можат да предизвикаат формирање на песок или камења

Храната богата со калиум и протеини може да предизвика проблеми за вашите бубрези.

Некои луѓе имаат проблеми со бубрезите , а бидејќи е познато мислење дека најмногу проблеми предизвикува само солта, другите намирници често се занемаруваат.

Нутриционистката Ивана Мишиќ подетално го објасни ова :

– Солта не е единствениот непријател на бубрежно болните. Еден од најчестите митови поврзан со исхраната на бубрежно болните е дека е важно само да се избегнува сол и зачини и да се пие многу вода. Вистината е малку поинаква – иако солта може да биде проблем, таа не е единствениот непријател ќ кој треба да се земе предвид – истакнува нутриционистот:

сол (натриум)

Високото внесување на сол и зачини во организмот го зголемува нивото на калцификација на телото, што доведува до таложење на натриум во бубрезите и формирање или зголемување на камења или количина на песок.

Калиум

Кај бубрежните пациенти, високото ниво на калиум во крвта (хиперкалемија) може да биде сериозен проблем. Треба да се избегнува храна богата со калиум, како банани, портокали, домати итн.

Протеини

Прекумерниот внес на протеини може да го зголеми товарот на бубрезите. Правилната контрола на внесот на протеини може да биде од суштинско значење за да се зачува функцијата на бубрезите.

Вода

Иако хидратацијата е важна, премногу вода може да го зголеми оптоварувањето на бубрезите. Правилно внесување вода е од суштинско значење – два литра вода дневно се сосема доволни.