Станија Добројевиќ полугола го средува станот: Старлета и домаќинка! На многумина им ја распали имагинацијата (ФОТО)

Станија Добројевиќ, по скандалот во кој се нашла, свртела нов лист, отишла во Мајами и си обезбедила луксузен стан , кој, очигледно, самата го средува. 

Станија, имено, покажа како се чисти, но во нејзин стил – речиси гола!

Таа носеше розов костим за капење кој повеќе откриваше отколку што покриваше, а дека е многу умешна покажа и со правосмукалката, па на многу мажи им ја разгоре фантазијата со своите потези, извртување и сите други пози кои ги правеше.

Инаку, Станија неодамна се пофали со луксузен имот, претежно во бела боја, а е блиску до плажата која најмногу ја сака. 

Стаклени маси, соодветни столчиња, огромна кујна, удобен тросед, кристален лустер, тафтувани украсни теписи – на старлетата ништо не и’ недостасува. Инаку, неодамна купила автомобил од 100.000 евра , па може да се каже дека сè и’ оди во најдобар ред.