Струга и Македонија ЃП ремизираа на отворањето на 20. коло во ПМФЛ

0

 Лидерот на табелата во Првата македонска фудбалска лига, Струга Трим и Лум освои само бод попладнево на натпреварот со Македонија ЃП. Домаќините не реализираа два пенала преку Бесарт Ибраими, а цело второ полувреме го играа со фудбалер повеќе, поради исклучувањето на Самаке.

Другите четири натпревара од ова коло на распоредот се утре:

Скопје – Тиквеш
Работнички – Брегалница
Шкендија – Победа
Силекс – Шкупи.

Слободна е екипата на Академија Пандев.

Табела: Струга 39 бода (19 натпревари), Шкупи 37 (17), Шкендија 28 (17), Тиквеш 27 (18), Силекс 26 (17), Брегалница 22 (17), Македонија ЃП 21 (18), Работнички 21 (17), Академија Пандев 15 (18), Победа 13 (17) и Скопје 12 (17).