Кумановскиот театарски ансамбл вечерва на сцената на велешкиот Народен театар

Со претставата „Лето во кое те нема“ вечерва во 20 часот на сцената на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес гостува кумановскиот театар.

Како што информираат од велешкиот театар, „Лето во кое те нема“ е претстава за љубовта, за пријателството, но и празнината што ги оставаат љубовта и пријателството. Бојан, Владо и Иван не се само обични пријатели, нивното пријателство се развива во љубовна тројка се до мигот кога Иван ќе одлучи да ги напушти. По неговото заминување Бојан и Владо се соочуваат со празнина која се одразува и на нивниот однос. „Лето кое те нема“ е приказна за соништата, за кошмарите, за патувањето назад во минатото, за внатрешните борби со кои се соочуваат ликовите, за преиспитување на животот и за истрајноста во барањето вистина.

Автор на претставата е Петар Андоновски, режија: Драгана Гунин, драматизација: Ева Камчевска, музика: Гала Насева.

Во претставата играат: Марко Трајковиќ, Марко Богдановски, Ангела Стојановска и Игор Трајковски.

Билетите може да се набават на касата на театарот во Велес и непосредно пред почетокот на претставата.