Татко (34) призна дека ги убил ќерката (3) и 20-месечен син! Доживеал несреќа, а во болница открил монструозните причини

34-годишен маж призна дека ги убил својата тригодишна ќерка и 20-месечен син.

Признанието дошло кога на местото на настанот излегла итната помош по несреќата во која автомобилот удрил во дрво. Се испоставило дека возачот во видно алкохолизирана состојба сакал да се самоубие.

Кога бил однесен во болница, ги открил монструозните причини поради кои се обидел да се самоубие. Тој е приведен, а полицијата ги пронашла телата на жртвите. Едно дете имало траги од убоди на градите, а друго на вратот.

Трагедијата се случила по расправија која се случила во станот на парот во регионот Ивелин, недалеку од Париз.

Сопругот ја обвини сопругата дека го изневерувала претходните седум години, додека таа против него поднела две тужби за насилство кон крајот на минатата и на почетокот на оваа година.

Мајката на убиените деца била пронајдена неповредена во станот на нејзината сестра.

Дури повеќе од шеесет деца беа убиени од нивните родители во 2023 година во Франција.