ТОА СЕ ВИКА ЉУБОВ КОН КЛУБОТ! Ова момче им даде „домашна задача“ на сите фанови – поради Бока го продаде својот PlayStation, а татко му својот мотор (видео)

Фудбалерите на Флуминенсе ја освоија првата титула во Копа Либертадорес во клупската историја, со победата од 2:1 (1:0) над Бока Јуниорс.

Пред околу 75.000 навивачи на познатата „Маракана“ во Рио де Жанеиро, домашните го освоија првиот досега трофеј на шампионите на Јужна Америка, но по вистински ролеркостер во неверојатна атмосфера.

Интересот за овој натпревар беше огромен, многумина сакаа да присуствуваат на спектаклот, а за жал, многу илјади навивачи не можеа да набават билети.

Во големата публика се истакна едно момче кое навива за Бока, а потоа откри што направил за да дојде во Рио.

– Го продадовме моторот на татко ми, го продадовме мојот PlayStation за да дојдеме овде. Немаме билети за влез, но погледнете наоколу! Погледнете го сето ова, ова е Бока! Ајде Бока! – рече момчето кое на целиот свет му даде пример како се сака клубот.