Филмски сниматели во Канада случајно пронајдоа бродолом стар 128 години (ФОТО)

0

Ивон Дреберт и Зак Мелник барале инвазивни школки на полуостровот Брус во Канада кога наишле на сосема неочекувано откритие.

Станува збор за остатоците од парабродот „Африка“ кој потонал во октомври 1895 година додека пренесувал јаглен од САД до Овен Саунд преку езерото Хјурон. Дреберт и Мелник не можеа да им поверуваат на своите очи кога ја видоа 128-годишната урнатина.

Кога бродот потонал, загинале 11 луѓе, а меѓу нив бил и капетанот Ханс Ларсен. Местото од каде што потекнуваат Дреберт и Мелник е именувано по него.

„Живееме на полуостровот Брус во заливот Ларсон. Ова место е именувано по капетанот на бродот „Африка“ Ханс Ларсен. Има улици именувани по луѓето кои загинаа во несреќата“, рече Дреберт.

Откритието на бродот создаде многу бесплатен публицитет за нивниот документарен филм „All Too Clear“ за инвазивните школки.